девојка лето
Фото: Unsplash + Pexels

Ако сте претерале со сончање – Ладен гел од алое вера е вашиот спас

Ако сте претерале со сончање, гелот од алое вера е вашиот спас. Ова растение ја негува кожата, ѝ дава исклучителна хидратација и е прва помош за црвената кожа што гори и пече.

Гелот од алое вера може да се купи во аптеките, но и во речиси сите дрогерии, а неговата карактеристика е што ја олеснува болката од изгорениците и ѝ помага на кожата побрзо да се опорави.

алое вера

 

Алое вера во себе го содржи природното соединение алоин, за кое лабораториските тестирања покажуваа дека има антиинфламаторно и антиоксидативно дејство.

„Другите истражувања покажуваат дека алое вера е исклучително корисно растение, особено за третман на изгореници. Преглед на четири студии во кои беа вклучени 371 лице покажа дека алое вера е ефикаснен лек за изгореници од прв и втор степен“, пишува вебмд.

девојка плажа

Изгорениците од прв степен се најлесни. Изгорената кожа станува црвена, многу чувствителна на допир и влажна или отечена. Изгорената површина побелува кога ќе ја допрете, но не се развиваат плускавци. Изгорениците од втор степен предизвикуваат подлабоки штети. На кожата се создаваат плускавци. Основата на меурчињата може да биде црвена или бела исполнета со чиста, густа течност.

крема

Гелот од алое вера исто така ќе ѝ помогне на кожата да се регенерира. Исто така, лади, поради самата текстура, и дополнително ќе ве освежи доколку гелот го чувате во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот