Ајкулчињата на „Бета Шаркс“ се вратија од Приштина со медали и одлични резултати

Младиот тим на ПК „Бета Шаркс“ со тренерите

Викендов, на пливачкиот натпревар “Степ Куп 2019” кој се одржа во Приштина, ајкулчињата од ПК „Бета Шаркс“ постигнаа одлични резултати, информираат од пливачкиот клуб.

На натпреварот учествуваа вкупно 27 клубови од Косово, Македонија, Албанија и Бугарија со 233 пливачи.

За најуспешен клуб беше прогласен домаќинот „Степ“.

Младите пливачи од ПК „Бета“ успеаја да освојат вкупно 10 медали, од кои 4 златни, 4 бронзени и 2 сребрени.

Сара Анастасовска (10) освои сребрени медали на 50 м грбно и 50 м делфин, како и две бронзени медали на 50 м слободно и 100 м грбно.

Сара Анастасовска и Дамјан Тодоровски

Дамјан Тодоровски (10) се закити со три злата на 50 и 100 м градно и на 100 м грбно.

Леона Величковска (13) освои злато на 100 м делфин и бронза на 50 и 100 м слободно.

Сара Анастасовска и Леона Величковска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот