Адеми со гол во 24. секунда за Динамо Загреб! (ВИДЕО)

Погодокот на македонскиот репрезентативец против Риека е најбрзиот во клупската историја на „модрите“ на домашен терен во хрватската лига.

Динамо Загреб во дербито на 24. коло во најсилното хрватско фудбалско првенство на својот „Максимир“ со убедливи 4:0 ја совлада Риека.

Уште во првата минута, поточно 24 секунди поведоа „модрите“ преку голот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Тоа е негов прв гол сезонава за Динамо (З) во првенството во досега осум настапи.

Нашиот интернационалец настапи до 82. минута од мечот, а во листата на стрелците се запишаа уште Кадзиор, Оршиќ и Гојак.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, голот на Адеми не е ниту меѓу најбрзите 15 голови во историјата на хрватскиот шампионат, поточно се наоѓа на делба на 17 и 18 место.

Но, затоа овој погодок е најбрзиот гол на Динамо во историјата на лигата на домашен терен.

На табелата Динамо Загреб убедливо води на првата позиција со 59 бодови, 14 повеќе од второпласираниот Хајдук Сплит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот