Адеми не е сериозно повреден, ќе игра против Виљареал
Динамо Загреб в четврток од 21.00 часот на реванш четвртфиналниот натпревар во Лига Европа ќе брка негатива од првиот меч (0:1) против Виљареал.
Тренерот на хрватскиот клуб, Дамир Крзнар верува дека неговите играчи имаат сили за голем пресврт против шпанската екипа.
– Размислуваме за идеално сценарио, треба да реализираме, а исто така не примиме погодок. Верувам дека имаме знаење за такво нешто, резултатот кој моментно го имаме не е непремостлив – рече Крзнар.
Во изминатиот период беше објавено дека македонскиот репрезентативец Аријан Адеми има оток на стапалото, и дека прогнозите не се добри.
Но, последните информации велат дека не станува збор за сериозна повреда, и како што пренесува Крзнар нашиот играч е и во комбинација да стартува од првата минута на утрешниот дуел.
– Ќе игра Адеми, тој е здрав и подготвен – се зборовите на Крзнар.