Адеми и Ристовски со Динамо ќе играат во плеј-офот за пласман во ЛШ

Динамо Загреб и во реваншот беше поуспешен од Лудогорец/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми се наоѓаат на два натпревари од пласман во групната фаза во Лигата на шампионите откако нивниот тим Динамо Загреб и во вториот меч славеше против Лудогорец.

Во реваншот кој се играше во Загреб, Динамо со 4:2 го совлада бугарскиот шампион и со вкупен резултат 6:3 обезбеди двомеч со Бодо/Глимт за пласман во ЛШ.

Динамо во првото полувреме имаше предност од 3:0 откако прво Дрмиќ погоди во 12 минута на асистенција на Ристовски, а потоа на сцена стапи Мислав Оршиќ кој даде два гола, во 27 минута од пенал и во 44 минута.

Бугарите во последните моменти од првиот дел преку Десподов намалија на 3:1, а на стартот од второто полувреме, истиот играч погоди во 49 минута. Но, шансите за изненадување на Лудогорец ги урнаа Рик и Карничник кои добија црвени картони, а претходно во првиот дел беше исклучен и Јанков.

Предноста од тројца играчи на теренот, Динамо ја искористи во финишот да даде уште еден гол, преку Петковиќ од пенал.

Ристовски го одигра првото полувреме, а на паузата тренерот Анте Чачиќ го извади од игра бидејќи заработи во 21 минута заработи жолт картон. Аријан Адеми со капитенската лента на раката го одигра целиот натпревар.

Пласман во плеј-офот обезбеди и Бенфика која и во реваншот го совлада Митлијанд (1:3) и со вкупен резултат 2:7 ги елиминира Данците.

Карабак приреди изнедадување и со 1:3 го победи Ференцварош откако првиот дуел во Азербејџан заврши без победник (1:1).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот