Фото: Принтскрин/Јутјуб

Аца Лукас тврди дека се обиделе да го убијат: „Ја удриjа колата 15 пати за да нè тргнат од патот“

Аца Лукас детално ја опиша драмата што, според неговите тврдења, ја доживеал по враќањето од Јахорина,  Република Српска каде што настапувал, пишува српски „Курир“.

Лукас наведува дека на пат кон Србија бил цел на сериозен напад, кој го карактеризира како обид за убиство. Според Лукас, инцидентот се случил откако тој и неговиот возач го напуштиле хотелот во Јахорина за Србија.

– Пеев на приватна забава. Кога завршивме со настапот, се качивме во автомобилот и се упативме кон Србија. Во Пале, забележав дека едно возило „се закачи“ на нашиот автомобил. Беше забележливо дека нè следи. Му реков на возачот да застане за да може да нè заобиколи, но тоа не се случи. Наместо тоа, возилото остана зад нас – објаснил Лукас.

– Се движевме понатаму, а тие нè следеа. Во еден момент, налетаа на нас и почнаа да нè удираат. За време на брканицата, нè удрија околу петнаесет пати. Преживеавме со чиста среќа. Нивната цел беше да нè исфрлат од патот – тврдел пејачот.

Лукас наведува дека ја повикале полицијата во градот Соколац, по што возилото што ги следело се оддалечило. Тој додава дека полицијата извршила вештачење на автомобилот и дека, според него, камерите утврдиле дека возилото било во сопственост на лице со криминално досие, иницијали М.Д., додека зад воланот бил неговиот возач, Н.М., кој, како што пејачот наведува, е уапсен.

Пејачот тврди дека напаѓачите точно знаеле кога го напуштил хотелот, како и дека немало лична мотивација претходно споменатите лица да го нападнат по сопствена иницијатива. Како што откри веќе поднел кривични пријави против сите вклучени.

Претходно Лукас за истиот инцидент се огласи и на социјалната мрежа Инстаграм: „По настапот на Јахорина вечерва, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач, едвај се извлековме живи. Се обидоа да нè убијат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот