AC/DC објавија дел од новата песна „Shot in the Dark” (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Триесет секунди тизер од новата песна „Shot in the Dark” на рок групата AC/DC собра за кратко време повеќе од 5.500 коментари.

„Го преслушав овој исечок не знам колку пати. Звучи фантастично“, „Let there be rock in 2020”, се само дел од нив.

Рокенрол легендите цела недела ја интригираа публиката со вести за враќањето, со цел на крај конечно да го потврдат враќањето во локалните весници ширум Велика Британија. Во составот се враќаат најпознатите преживеани членови, а судејќи според се нивниот нов албум ќе се вика PWR/UP.

View this post on Instagram

SHOT IN THE DARK #PWRUP⚡

A post shared by AC/DC (@acdc) on

„Shot in the Dark” е типична AC/DC песна на која работеа гитаристот Ангус Јанг, Брајан Џонсон (вокал), Фил Рад (бубњеви) и Клиф Вилијамс (бас). Составот го заокружи Стиви Јанг со ритам гитара, заменувајќи го на тоа место починатиот Малколм Јанг.

Она што многумина воодушеви на овој клип е тоа што повторно го слушаат уникатниот глас на Брајан Џонсон, кој на последната турнеја мораше да отстапи од бендот поради проблеми со слухот. Него на кратко го замени Аксел Роуз, но сега кога проблемот е решен, Џонсон се врати во AC/DC.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот