Абердин и Миовски во група со Ајнтрахт Франкфурт во Конференциската лига
Денеска со жрепка ги дознавме сите групи од третото по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување, Конференциската лига, за натпреварувачката сезона 2023/2024.
Шкотскиот Абердин на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е во групата „Г“ заедно со Ајнтрахт Франкфурт (Германија), ПАОК (Грција) и ХЈК Хелсинки (Финска) на нашиот голман Дејан Илиев.
Бреидаблик од Исланд кој во плеј-офот ја елиминираше Струга ќе игра во групата „Б“ со белгискиот Гент, израелскиот Макаби Тел Авив и украинската Зорја Луханск.
Динамо Загреб на Стефан Ристовски е во групата „Ц“ со Викторија Плзен од Чешка, Астана од Казахстан на Алекса Амановиќ и Балкани од Косово.
Спартак Трнава на Милан Ристовски е во последната група „Х“, а противници се Фенербахче (Турција), Лудогорец (Бугарија) и Нордсјеланд (Данска).
Првите натпревари од групната фаза ќе се играат на 21 септември 2023, а потсетување дека финалето ќе се игра во Атина, Грција, на 29 мај 2024 година.
Конференциска лига 2023/2024
Група „А“
Лил
Слован Братислава
Олимпија Љубљана
Клаксвик
Група „Б“
Гент
Макаби Тел Авив
Зорја Луханск
Бреидаблик
Група „Ц“
Динамо Загреб
Викторија Плзен
Астана
Балкани
Група „Д“
Клуб Бриж
Бодо/Глимт
Бешикташ
Лугано
Група „Е“
АЗ Алкмаар
Астон Вила
Легија
Зрињски
Група „Ф“
Ференцварош
Фиорентина
Генк
Чукарички
Група „Г“
Ајнтрахт Франкфурт
ПАОК
ХЈК Хелсинки
Абердин
Група „Х“
Фенербахче
Лудогорец
Спартак Трнава
Нордсјеланд
Лига Европа: ТСЦ на Мартин Мирчевски во група со Вест хем и Олимпијакос