Лига Европа: ТСЦ на Мартин Мирчевски во група со Вест хем и Олимпијакос
Денеска со жрепка се дознаа сите групи во второто по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување, Лига Европа, за натпреварувачката сезона 2023/2024.
Препорачано
Српскиот клуб ТСЦ Бачка Топола на македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски доби тешка група, односно се наоѓа во групата „А“ со Вест хем (Англија), Олимпијакос (Грција) и Фрајбург (Германија).
Шведскиот Хакен на Филип Трпчевски кој во плеј-офот го елиминираше шкотскиот Абердин на Бојан Миовски, ќе игра во групата „Х“ со Баер Леверкузен (Германија), Карабах (Азербејџан) и Молде (Норвешка).
Се очекува една доста интересна сезона, како едни од главните фаворити за титулата во ЛЕ се одвојуваат Ливерпул и Рома. Првото коло од групната фаза ќе стартува на 21 септември.
Лига Европа 2023/2024
Група „А“
Вест хем
Олимпијакос
Фрајбург
ТСЦ Бачка Топола
Група „Б“
Ајакс
Марсеј
Брајтон
АЕК Атина
Група „Ц“
Ренџерс
Реал Бетис
Спарта Прага
Арис Лимасол
Група „Д“
Аталанта
Спортинг
Штурм
Ракув
Група „Е“
Ливерпул
ЛАСК
Унион Сент Жилуаз
Тулуз
Група „Ф“
Виљареал
Рен
Макаби Хаифа
Панатинаикос
Група „Г“
Рома
Славија Прага
Шериф Тираспол
Сервет
Група „Х“
Баер Леверкузен
Карабах
Молде
Хакен


