• спартак трнава

Официјално: Во првиот ден од годината потврден трансферот на Милан Ристовски

Maкедонскиот напаѓач, Милан Ристовски во првиот ден од 2024 година е промовиран како нов фудбалер на Бохемијас Прага. Во редовите на овој клуб Ристовски доаѓа од Спартак Трнава, па така од словачкото првенство се сели во Чешка. „Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски е нов играч на Бохаемијас. Тој доаѓа од Спартак Трнава“, објави чешкиот клуб.