30 ПРАШАЊА СО СТУДЕНТ ВО „КУЗМАН“: Името на мојот студентски живот како филм би бил САМОУНИШТУВАЊЕ (ВИДЕО)

Според Александар неговиот студентски живот како филм би се викал самоуништување, а најкул е тоа што се дружиш со луѓе и учиш за различни дијалекти.

Во стил на функционерите на СДСМ, кои објавија неколку видеа како одговараат на 30 секојдневни прашања, Радио МОФ на својот Фејсбук профил објавија видео од студентот Александар во домот „Кузман Јосифовски-Питу“ и неговите одговори за престојот во домот.

На видеото, студентот додека одговара, се шета низ студентскиот дом кој е во катастрофална состојба. Домот инаку и претходно бил критикуван за условите за живеење.

Александар притоа дава некои интересни одговори, како дека омилениот дел од живеење во домот му е дружбата, а најнеомилениот, навикнување на бањата и тоалетите.

Според Александар, неговиот студентски живот како филм би се викал „Самоуништување“, а најкул е тоа што се дружиш со луѓе и учиш за различни дијалекти.

Тој сепак вика дека и покрај сите недостатоци, би избрал да живее во домот, бидејќи дружбата била незаменлива.

Сите прашања и одговори видете ги тука:

#30ПрашањаСо студент во „Кузман“

Кога твојот студентски живот би бил филм, како би се викал?- Самоуништување. Погледнете 30 прашања и 30 одговори со студентот Александар од студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје*Секоја сличност со форматот на видеата на владините функционери е намерна 😉

Publiée par Радио МОФ sur Vendredi 17 janvier 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот