1МФЛ: Струга со играч помалку го урна и Силекс, Шкендија со пресврт до бодовите

Фудбалерите на Струга Трим Лум стигнаа и до петтата победа во низа во 1МФЛ/Фото: facebook.com/Fcstruga

Струга Трим Лум има одличен старт оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), славеше и во својот петти натпревар во кој триумфираше над Силекс со 2:1.

Играчите на тренерот Срѓан Захариевски после првото полувреме водеше со голот на Ибраими кој беше прецизен од пенал во 31 минута.

Израмнувањето се случи во 72 минута кога кратовци постигнаа гол преку Ристовски. Гостите имаа шанса да направат целосен пресврт, откако во 74 минута Илиески доби црвен картон во домашниот состав.

Но, и покрај стружани успеаја на крајот да дојдат до нова победа благодарение на погодокот на Шабани во 82 минута.

Актуелниот шампион Шкупи ремизираше 1:1 против Победа, двата голови беа постигнати во финишот, во 81 минута Цефас донесе предност за чаирчани, а прилепчани го избегнаа поразот три минути подоцна кога стрелаше Галевски.

Тиквеш имаше позитива од 19 минута со погодокот на Спахиу против Шкендија, но тетовските „црвено-црни“ не дозволија изненадување и до третиот триумф сезонава дојдоа со головите на Хасани (22`), Дита (42`) и Дориев (58`).

Прва лига, 5. коло

Академија Пандев – Скопје 3:0
Македонија ЃП – Работнички 1:1
Шкупи – Победа 1:1
Струга Трим Лум – Силекс 2:1
Тиквеш – Шкендија 1:3

Табела:

1.Струга Трим Лум 15 бодови
2.Шкендија 10
3.Силекс 8
4.Академија Пандев 7
5.Шкупи 7
6.Брегалница Штип 7
7.Македонија ЃП 4
8.Тиквеш 4
9.Работнички 4
10.Победа 1
11.Скопје 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот