10 спални, фонтана, куќа за гости, 12 бањи: Џеј Ло и нејзиниот вереник купија луксузен имот од 40 милиони долари

Instagram
Фото: Инстаграм

Латино дивата и згодниот бејзбол играч купија нов луксузен имот на еден остров во Мајами…

Латино дивата и американска пејачка Џенифер Лопез (51) и нејзиниот вереник Алекс Родригез (45) купија луксузна вила на Островот Стар во Мајами за 40 милиони долари, пренесуваат странските медиуми.

Среќниот пар купи палата со базен без раб (визуелно бесконечен базен) и специјализирана просторија за вино, која исто така има 12 бањи и луксузна куќа за гости. Тие наскоро ќе станат и соседи со многу познати холивудски ѕвезди и милионери.

Фото: Профимедиа

Луксузната куќа има 86 ари земја и 10 спални соби, а се простира на 3.716 квадратни метри и има прекрасен панорама поглед кон Мајами.

Внатрешноста на палатата е исполнета со луксузни лустери и скапоцен мебел, а винската соба е обложена со дрво, додека пак прозорците се простираат од подот до плафонот.

Фото: Профимедиа

Во дневната соба постои голем камин, а Џенифер има и специјална соба која ја преуредила во гардеробер и шминкерница. Во куќата се наоѓа и специјална бања со туш на пареа, како и огромна када за релаксирање.

Фото: Профимедиа

Покрај „бесконечниот базен“, во дворот се наоѓа и џакузи, фонтана, шанк со столчиња, прекрасно уредени маси и удобни столчиња со поглед кон океанот.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, славниот пар се вери минатата година на плажа, а венчавката беше планирана за почетокот на оваа година, но поради пандемијата на коронавирусот таа е одложена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот