Ѕвездата од серијата „The Witcher“ сака да биде новиот Бонд: Дали Хенри Кавил е вистинскиот избор за агентот 007?

Актерот Хенри Кавил, ѕвездата на серијата „The Witcher“ и филмот „Supermаn“ е заинтересиран да го замени Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, нешто што го наведе и во интервјуто за GQ.

– Ако продуцентката Барбара Броколи и ко-продуцентот Мајкл Вилсон се заинтересирани, јас веднаш би прифатил. Во оваа фаза, се е во воздухот. Ќе видиме што ќе се случи. Но да, би сакал да го играм Бонд и би бил многу, многу возбуден, изјави Кавил.

Хенри инаку еднаш беше еден од кандидатите да го игра Џејмс Бонд во филмот „Casino Royal”. Сепак, продуцентите на крајот го одбраа Даниел Крег. Имено, Хенри „не ги задоволил“ кога на аудицијата требало да ја одигра сцената во бањата, кога носел само пешкир.

Фото: IMBd

– Веројатно требаше подобро да се подготвам. Се сеќавам дека режисерот Мартин Кемпбел ми кажа „Изгледаш малку буцкасто, Хенри“. Не знаев како да тренирам, ниту како да држам диета. Драго ми е што Мартин ми кажа нешто такво… Ми помага да бидам подобар, изјави Кавил во ноември минатата година за „Men’s Health“, а пренесува магазинот „People“.

Дали Хенри Кавил би бил добар избор за уогата на Џејмс Бонд оставаме да ни покаже времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот