Звезда преку драма до победа над Дубаи пред дербито со Партизан
Црвена звезда со победнички ритам влегува во пресрет на евролигашкото дерби со Партизан, откако во драматичен меч од АБА лига го совлада Дубаи со 92-90.
Препорачано
Белградскиот состав имаше одличен старт и уште во првото полувреме изгради висока предност, која во еден момент достигна и 19 поени разлика. Во тие моменти изгледаше дека прашањето за победникот е решено, особено ако се земе предвид дека гостите реализираа само 33 поени до паузата.
Сепак, сценариото драстично се промени по одморот. Дубаи заигра многу поагресивно и ефикасно, па со одлична трета четвртина (27 поени) успеа целосно да се врати во игра и да внесе неизвесност во завршницата.
И покрај налетот на противникот и одличната партија на Двејн Бејкон, кој беше најголема закана за домашните, Звезда успеа да ја сочува предноста и да стигне до важен триумф.
Најефикасен кај победникот беше Миљеновиќ со 20 поени, додека солиден придонес дадоа и Батлер и Риверо со по 13. На спротивната страна, покрај Бејкон со 31 поен, се истакна и Петрушев со 16 поени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
15мин
-
17мин
-
20мин
-
26мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


