Зверев ја потврди одличната форма, преку Херис во полуфиналето на УС Опен

Зверев ја оствари 16 победа по ред/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Германскиот тенисер Александер Зверев продолжува со одличните игри и ја оствари 16. победа по ред која му донесе пласман во полуфиналето на на УС Опен со 3:0 во сетови и тоа со 7:6,6:3,6:4 го победи Лојд Џорџ Херис од Јужќна Африка.

Херис беше рамноправен противник само во првиот сет кога и прв успеа да направи брејк за 5:3 но кога сервираше за сет, Зверев веднаш му го одзеде сервисот и тоа со нула за потоа да го освои тај-брејкот со 8:6.
Во вториот сет, Зверев веднаш го одзеде сервисот на Херис и поведе со 2:0, а предноста ја зачува до крајот на сетот.

Германецот тргна фуриозно и во третиот сет, направи два брејка на стартот и поведе со 3:0, Херис успеа да врати само еден брејк во шестиот гем но тоа беше се што стори на мечот. Зверев рутински го приведе дуелот до крајот и си обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе игра со подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот