Зошто американските крофни имаат дупка во средината: Зад овој вкусен десерт се крие интересна приказна!

Фото: Инстаграм

Разликата помеѓу американските и европските крофни е во тоа што американските крофни имаат дупка во средината.

Американските крофни, покрај тоа што воодушевуваат со својот изглед, имаат и неверојатен вкус.

Тие потсетуваат на нашите, но Американците направија толку многу различни варијанти на ова пржено тесто, што сега е тешко да се каже колку видови всушност постојат. Она што ги прави различни од нашите е дупката во средината на тестото.

Фото: Профимедиа

Дали некогаш сте се запрашале за што е таа дупка и како настанала?

Верувале или не, има многу теории за потеклото на оваа мистериозна дупка во вкусниот десерт .

Според првата теорија, дупката во крофните е едноставно неопходна. Кога пекарите почнале да додаваат жолчки од јајца во нивните рецепти, тестото станало премногу богато, а тоа значително го отежнувало рамномерното печење.

Фото: Инстаграм

Краевите биле крцкави, а средината останувала сурова, па логично решение било да се отстрани тестото од средината.

Другата теорија е поинтересна, а се однесува на Нова Англија во 1850 година, и бродот со име „Елизабет Грегориј“. Имено, Елизабета за нејзиниот син направила една голема количина пржено тесто за едно од неговите патувања, а се вели дека капетанот Грегориј токму на тоа патување ја „измислил“ крофната со дупка.

Фото: Инстаграм

Сепак, постојат многу теории за можни причини. Некои историчари сметаат дека крофна со дупка е полесно се подготвува. Но, најинтересна теорија е дека на капетанот Григориј му биле потребни и двете раце за да го управува бродот, па токму затоа направил дупки во крофните за да може полесно да ги држи.

Фото: Инстаграм

Но, се чини дека првата теорија сепак е најблиску до вистината. Дури и капетанот Грегори во едно интервју открил дека дупката во неговата крофна ја направил сосема случајно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот