Знам се за здравствената состојба на Шумахер, но…

Поранешниот Ф1 возач, Фелипе Маса, изјави дека е запознат со деталите за здравствената соостојба на својот поранешен тимски колега, Михаел Шумахер.

Маса и Шумахер беа тимски колеги во Ферари во 2006 година, а потоа Германецот беше дел од италијанскиот тим како советник на возачите и инженерскиот тим.

– Знам каква е здравствената состојба на Михаел, ги имам сите информации бидејќи бевме блиски пријатели. Но, мора да ја почитуваме желбата на семејството да не се изнесуваат детали во јавноста – изјави Маса.

– Сакаме да се врати на патеката и да биде поддршка на својот син. Би сакал да го видам тоа еден ден.

Михаел Шумахер пред шест ипол години доживие тешка несреќа на скијање на француските Алпи кога при пад удри со главата во камен и оттогаш неговата здравствена состојба е мистерија за сите освен за најблиските пријатели и семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот