Фото: instagram.com/klubi_karatese_fati

Злато за Иса Елмази, бронза за Џем Пашов на Светската младинска лига во карате во Венеција

Македонскиот каратист Иса Елмази освои златен медал на Светската младинска лига во Венеција, Италија.

Елмази дојде до првото место во категоријата до 70 килограми во кадетска конкуренција.

На втората позиција се најде Јусуф Сисоко од Франција, а бронзи освоија Максим Козаченко од Украина, и членот на карате клубот Штип, Џем Пашов.

Елмази оствари победи над Давидс Никитис од Летонија (5:2), Бјарн Куел од Швајцарија (11:3), Максим Козаченко од Украина (2:1), Аксел Дукаре од Франција (3:0).

Елмази во полуфиналето триумфираше над Хрватот Петар Слукиќ, а во финалето со 6:3 го совлада Французинот Јусуф Сисоко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот