Златни медали за борачите Егоров и Вејсели на меѓународниот турнир во Букурешт

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Македонските борачи освоија два златни медали на силниот меѓународен турнир во Букурешт, Романија.

Екипата ја водеше тренерот Магомед Ибрагимов, во категоријата 61 кг. Владимир Егоров беше првопласиран, а Фати Вејсели беше најдобар во категоријата 70 кг.

Во женска конкуренција Вероника Рјаболова поради повреда загуби во првото коло.

Вејсели стигна до златниот медал со трите победи над Хомадов од Туркменистан (2:2) и над Молдавците Цирилов (4:2) и Сацултан (10:0).

Егоров со четири победи го освои златото, во првото коло со 7:0 го совлада Даниел Попов од Израел, потоа со 3:0 триумфираше против Георги Вангелов од Бугарија, во полуфиналето со 4:2 оствари победа над Елојан Арман од Франција, а во финалето со 2:1 го совлада Игор Чичион од Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот