Зибeри: ДУИ на изборите ќе има сериозен конкурент во БЕСА и коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците

Мислам дека најкризен период за ДУИ беше 2016 година. Тогаш опозиционите партии не успеаја да го поразат ДУИ и тој останаа клучен фактор за парламентарното мнозинство, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, политичкиот аналитичар, Насер Зибери.

-Сега мислам дека се поконсолидирани. Не верувам дека под 10 пратеници ќе имаат, но не мислам дека драстично ќе расте. Сега има сериозни два конкуренти – БЕСА преку коалицијата со СДСМ и самата СДСМ, која исто, така ужива сериозна поддршка кај албанскиот електорат. Од друга страна Алијанса во коалиција со Алтернатива. Мислам дека Алијанса на Албанците пропушти една добра шанса да формира еден блок на опозициони политички партии наспроти ДУИ- вели Зибири.

Тоа ќе им се одрази на изборите, појасува тој, колку ќе го компензираат тоа треба да се види.

-Но факт е дека пропуштија шанса да се факторизираат со една поголема коалициона поддршка- рече политичкиот аналитичар Насер Зибери во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот