Жестоки судири меѓу Жолтите елеци и полицијата во Тулуз (ВИДЕО)

Демонстрантите собрани во дижењето ,,Жолти елеци” , денеска се судрија со полициските специјалци во градот Тулуз.

До судирот дојде кога францускиот претседател Макрон се подготвуваше да најави нови мерки со кои требаше да прекинат простестите , што се одржуваат 22 недели по ред. Полицијата во Тулуз исфрли солзавец и уапси десетици демионстранти , откако стотина од нив палеа контејнери и ја гаѓаа полицијата со секакви предмети.

Протестите почнаа мирно , иако на социјалните мрежи беше најавено дека денешниот протест ќе има главна точка , а тоа е Тулуз.

Протести се одржуваат и во Париз , каде неколку илјади демонстѕранти го блокираа центарот на градот , како и во голем број други градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот