Женски проблеми: Дали е нормално да имате менструални грчеви кога немате менструација?

Сериозно или не, откривањето што се случува со нашето тело е првиот чекор во елиминирањето на непријатноста.

Што предизвикува грчеви?

Постојат безброј причини за менструалните грчеви во деновите кога воопшто немаме менструација, велат гинеколозите. Тоа се претежно гинеколошки или гастроинтестинални проблеми. Која е разликата помеѓу гинеколошките и гастроинтестиналните проблеми?

Едноставно – гастроинтестиналниот тракт е поврзан со варењето, што значи дека грчевите се резултат на нешто што се случува во желудникот и во цревата. Гинеколошките, пак, значат проблеми со матката, вагината или јајчниците.

Можеби сте надуени

Од гастроинтестинална страна, грчевите може да произлезат од нешто основно, како што е надуеност. Запекот може да биде главната причина за грчеви во стомакот или во карлицата, велат лекарите. Значи, ако одамна не сте оделе во тоалет, ова би можело да биде одговорот на вашите болки. Грчевите и запекот (опстипацијата) општо може да бидат предизвикани и од дехидрираноста, затоа внимавајте дали пиете доволно вода во текот на денот. Но, секако, постои и посериозна страна на гастроинтестиналниот спектар. Тоа може да биде нешто позначајно како синдром на иритабилно црево (ИБС), додаваат лекарите. ИБС е вообичаено хронично нарушување, кое влијае врз дебелото црево и со него може да се управува. Симптомите вклучуваат грчеви, надуеност, гасови, пролив и запек. Ако мислите дека грчевите можат да бидат предизвикани од ИБС и постојано се влошуваат, треба да се обратите кај лекар.

Грчевите може да бидат резултат и на инфекција

Карлична воспалителна болест настанува кога бактеријата се шири од вагината во матката, јајцеводите или јајчниците, а обично се пренесува по сексуален пат. Симптомите вклучуваат грчеви, но постојат и други знаци какви што се обилен исцедок од вагината, крвавење од матката, треска, болка за време на сексуалниот однос и болно уринирање. Ако сте се пронашле во еден или повеќе од овие симптоми, посетете гинеколог.

Иако можеби менструацијата сè уште не пристигнала, тоа не значи дека не можете да доживеете грчеви во долниот дел на стомакот предизвикани од менструалниот циклус. Менструалните грчеви често почнуваат од 24 до 48 часа пред да почне крвавењето, затоа двапати проверете каде сте во вашиот циклус – тоа би можело само да значи дека ви доаѓа менструацијата.

Циста на јајчниците исто така може да предизвика грчеви

Ако имате циста на јајчниците која ќе пукне, тоа може да предизвика грчеви во долниот дел на стомакот, велат од Клиниката „Мејо“. Цистата на јајчниците е вреќичка исполнета со течност, која може да седи или на јајчниците или во јајчниците, што не предизвикува толку голема непријатност. Но, ако пукне, можеби ќе имате позначителен проблем. Понекогаш пукнатата циста може да остане незабележана, но можете да почувствувате и грчеви од двете страни на стомакот, во зависност од тоа на кој јајчник била цистата или каде се наоѓа. По пукнувањето на цистата, може да се појават дамки на јајчникот. Ако се сомневате дека ова ви се случило, а вашата болка не престанува со лековите против болки, посетете лекар за да ја провери болката.

Можеби сте бремени или имате проблеми со бременоста

Лекарите велат дека грчевите како оние менструалните додека немате менструација исто така може да бидат ран знак на бременост. Благите грчеви во матката се чести кај трудниците. Од друга страна, грчевите можат да значат и вонматерична бременост. Таквата бременост се јавува кога оплодената јајце-клетка ќе се имплантира некаде во јајцеводите или стомакот, наместо во слузницата на матката и ќе започне да се развива. Во овој случај, бременоста не може да продолжи нормално и за следните чекори мора веднаш да одите на лекар.

Ендометриозата исто така предизвикува грчеви во стомакот

Ако грчевите се многу полоши од вообичаените менструални, можеби имате ендометриоза. Тоа е често болно нарушување, во кое ткивото слично на ткивото што нормално ја поврзува внатрешноста на вашата матка – ендометриумот – расте надвор од вашата матка, тврди Клиниката „Мејо“. Покрај грчевите во карлицата, болка во долниот дел на грбот и стомакот се исто така симптоми на ендометриоза. Ако се сомневате дека имате нарушување, треба да посетите гинеколог.

Кога треба да побарате медицинска помош?

Ако имате грчеви што не се ублажуваат со ибупрофен, или со други лекови против болки, треба да проверите кај гинеколог. Лекарите препорачуваат ако имате сериозни грчеви кои не исчезнуваат со основните лекови, време е да побарате стручна помош за да видите што се случува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот