„Железниот“ Мајк Тајсон се враќа во рингот (ВИДЕО)

фото: твитер

Поранешниот светски шампион во бокс планира со цел да учествува во хуманитарни борби кои траат четири рунди.

Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон (53) објави дека се враќа во рингот за серија добротворни натпревари, чии приходи ќе одат за поддршка на бездомниците и луѓето кои страдаа од зависност од дрога.

Тајсон веќе влегол во сала за тренинг и неговиот прв впечаток е дека ќе биде доста тешко да се влезе во пристојна ринг-форма.

Работев со ракавици, нема да биде лесно. Моето тело е измачено и имам болка, но тренирам. Ќе го дадам максимумот за да се вратам во рингот за серија дуели.

За да го направам ова, морам да работам напорно во салата за да издржам барем три-четири рунди. Исто така трчам на лента, издржувам по еден час. Испробувам комбинации, но болката е интензивна – рече Тајсон за „BoxingScene”.

Сепак, Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер не мораат да стравуваат дека на нивното лице ќе ги почувствуваат силните удари на Тајсон.

Поранешниот светски шампион во бокс планира со цел да учествува во хуманитарни борби кои траат четири рунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот