Желбата на Лапорта: Артета за нов тренер на Барселона!?

Шпанскиот менаџер на Арсенал, Микел Артета/Фото: EPA-EFE/Jon Super/POOL

Денеска ударна вест е апсењето на поранешниот претседател на каталонскиот клуб, Жозеп Марија Бартомеу, а воедно сите ги очекуваат со нетрпение новите претседателски избори.

Се одвојуваат тројца кандидати за функцијата претседател на Барселона, тие се Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиша.

Лапорта го водеше клубот во периодот од 2003 до 2010 година, има доста искуство и се наоѓа во улогата на фаворит. Секој кандидат сака да понуди нешто поразлично, самите предлози, идеи и програмите значително се разликуваат.

Лапорта има голем желба да го смени Роналд Куман, сегашниот тренер на Барса, а како замена за Холанѓанецот го гледа менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Вели дека Артета е идеално решение, како играч на почетокот на професионалната кариера ги бранеше боите на Б и Ц тимот на Барселона, но никогаш не успеа фудбалерот за врска да се избори за место во првиот тим.

Арсенал лошо стартуваше сезонава во Премиер лигата, но делува дека „топџиите“ постепено се воигруваат.

Голема предност на младиот тренер е секако искуството, односно соработката со Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер сити. Ќе видиме како ќе завршат изборите во Барселона, а од истите многу ќе зависи и иднината на Лионел Меси чиј договор со екипата истекува на крајот од сезоната.

Меси одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот