Меси одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

epa08782034 Barcelona?s Lionel Messi celebrates after scoring the 0-2 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Весникот „Марка“ пренесува ексклузивна информација која со нетрпение ја очекуваат навивачите на Барселона и сите фудбалски фанови.

„Марка“ пишува дека Лионел Меси е најблиску до останување во Барселона и по истекот на договорот, но тоа е условено со неколку услови кои клубот треба да ги исполни.

Извори од Барселона не уверуваат дека останувањето на Меси по истекот на договорот ова лето е најреална опција и дека Лео е поблиску до останување отколку до заминување. Ги контактиравме луѓето блиски до Меси и тие ни го кажуваат истото и тоа со зборовите: До пред неколку месеци неговото заминување беше повеќе од извесно, но сега ситуацијата радикално се смени“, пишува „Марка“ и додава дека ПСЖ дефинитивно отпаѓа како комбинација:
Меси е огорчен што челниците на ПСЖ зборуваат дека ќе го ангажираат, како и поради насловните страници во француските медиуми на кои тој беше претставен во дресот на ПСЖ. Причината за огорченоста е бидејќи никогаш немало никакви контакти со ПСЖ, а ги одби сите менаџери кои му доаѓаа со понуди од останатите клубови. Исто така неговиот татко Хорхе, кој е задолжен за неговата кариера, долго време е во Аргентина и нема никакви контакти со заинтересираните екипи“.

Изворите на „Марка“ објаснуваат дека промената во ставовите на Лионел Меси се случи по оставката на најомразениот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, и неговиот наследник ќе биде избран наредниот викенд. Главен фаворит на претседателските избори е поранешниот претседател Жоан Лапорта, кој има одлични односи со Меси и неговиот татко и тоа е главниот услов за Меси да седне на преговарачка маса со новата управа. Изворите велат дека Аргетинецот не сака да соработува со останатите двајца кандидати Виктор Фонд и Тони Фреикса кој се смета за човек на омразениот Бартомеу.
Доколку Лапорта стане нов претседател, Меси ќе размисли да потпише нов договор под одредени услови, а тоа е спортскиот проект, односно засилувањата кои се планираат на лето.
Најважна ќе биде презентацијата на проектот на новата Барселона, а Меси ќе инсистира на ангажирање на квалитетни засилувања. Прво засилување треба да биде неговиот добар пријател Серхио Агуеро, а потоа и Џорџињо Вајналдум. И двајцата фудбалери може да дојдат во Барселона како слободни играчи. Во секој случја, клучот за останувањето на Меси е во вистинските засилувања“, го завршува „Марка“ својот текст за Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот