Фото: EPA/MARTIAL TREZZINI

Ждрепка за Лига Европа: Астон Вила против Лил, Италија веќе има учесник во четвртфиналето

Денеска со ждрепка се дознаа осминафиналните двојки во Лигата на Европа, а познат е и целокупниот „костур“ сè до борбата за титулата во второто по квалитет европско клупско фудбалско натпреварување.

Француски Лил кој ја елиминираше Црвена звезда во плејофот, за противник ја доби екипата на Астон Вила која важи за еден од фаворитите за пехарот оваа сезона во ЛЕ.

Италија сигурно ќе има учесник во четвртфиналната фаза, Болоња ќе се соочи со тимот на Рома.

Играчите на Винченцо Италијано за пласман во осминафиналето го елиминираа норвешкиот Бран, а римската „волчица“ се најде директно во четвртфиналето по освојувањето на осмото место во лигашката фаза.

Лига Европа
Осминафинале, двојки
:

Ференцварош – Брага
Генк – Фрајбург
Штутгарт – Порто
Болоња – Рома
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотингем форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила

Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 12 март, а реванш дуелите седум дена подоцна.

Победникот од натпреварот Лил – Астон Вила ќе се соочи со Болоња или со Рома во четвртфиналето, додека Нотингем форест – Митјиланд и Штутгарт – Порто се исто така извлечени на истата страна.

На другата страна од ждрепката, победникот од натпреварот Селта – Лион ќе се соочи со Генк или Фрајбург, додека подобриот од двомечот Панатинаикос – Бетис ќе игра против Ференцварош или Брага.

Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 20 мај 2026 година во Истанбул, Турција, на стадионот Бешикташ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот