Зголемена свеста кај граѓаните да пријавуваат непочитување на мерките за работа за време на топлотниот бран

Градежници на 40 степени / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

До Здружението „Гласен Текстилец“ изминативе денови пристигнале пријави од страна на работници, но и граѓани за непочитување на мерките и препораките на Владата за работниците за време на топлотниот бран. Пријави имало од Скопје, Штип и Свети Николе.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека од Скопје и Штип имало пријави за градежни работници, работници од јавни претпријатија во текот на вчерашниот ден.

Гледаме да реагираме со Трудовиот инспекторат и за ослободување и на бремените жени, а за хронично болните министерството за здравство сметаше дека нема потреба да бидат ослободени од работа, вели Ампева за МИА.

Таа додава дека зголемена е свеста кај работниците, но и на граѓаните кои пријавуваат работа на градежните работници на отворено. Таков пример имала вчера од страна на граѓани, кои реагирале дека градежни работници работат на објект, како и дека на терен се и работници од јавни претпријатија од Скопје.

Граѓаните прашуваат каде да пријават, значи тие приметуваат дека се прекршуваат правата на работниците и работат на изложеност на сонцето, а се знае од колку до колку не смеат да работат. Така да мене ми е многу мило што самите се јавуваат на телефоните на Трудовиот инспекторат, рече Ампева.

Таа посочи дека во овој период имаат и добра соработка со инспекторите, кои веднаш реагираат на терен.

Додека се вршени тие контролни надзори можам да кажам дека се ослободени голем број на бремени жени од текстилниот сектор, потоа има супер маркети, па и во здравствена установа. Но, интересно е дека при тие надзори најдени се и голем број на непријавени работници. Така да овде имаме поопсежна работа на терен, вели Ампева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот