Заврши состанокот во ДУИ, „огнените“ сепак пристигнаа и се вклучија

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, тетовско / фото: МИА

По речиси шест часа, завршија внатрепартиските консултации во Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица, а одлуките ќе се носат утре, на состанок на Централниот совет на партијата.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по завршувањето на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна. На средбата, околу еден час пред таа да заврши, пристигнаа и претставници на т.н. „огнена група”, која бараше реформи во партијата.

–Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети, со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешниот состанок на Централниот совет, каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија. Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови, меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера, во една атмосфера на соработка, на унифицираност, на спремност на партијата за нови победи, рече Османи.

Во Тетово утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес. „Огнените“, како што објави „Слободен печат“, се на чекор од формирање фракција во партијата, откако немало волја кај Ахмети за исполнување на нивните барања за разрешување на Артан Груби и други функционери.

Реорганизацијата во партијата почна откако на 24 септември т.н. „Огнена група” побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот