Заврши неверојатната низа на Французинот Гаске: Кога ја започна Ѓоковиќ и Надал немаа ниту еден грен-слем

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот тенисер Ришар Гаске прекина неверојатна низа откако испадна од топ 100 тенисери во светот по дури 956 недели поминати помеѓу најдобрите 100 тенисери во светот.

Гаске од топ 100 испадна по поразот од сонародникот Артур Фиш во првата рунда на Оукленд со 6:3 и 6:4.

На овој турнир Гаске ја бранеше титулата, па поради тоа поразот за него значи пад од 76-тото место на кое сега се наоѓа. Повеќе од 18 години (од април до 2005 година) Гаске беше помеѓу најдобрите 100, а во 2007 година го оствари најдобриот резултат во кариерата и беше седми во светот.

Интересно е да се каже дека кога Гаске дојде до топ 100 Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал немаа ниту еден грен-слем трофеј и ова само дополнително покажува за каква низа се работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот