Заврши изолацијата на Бајден за ковид-19

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден денеска заврши со изолацијата на Ковид-19, откако двапати беше негативен, соопшти Белата куќа.

Бајден, пренесе ДПА, минатиот четврток излезе позитивен на тестот за Ковид-19 и тогаш неговиот доктор соопшти дека имал „многу благи симптоми”. Тој отиде во изолација и му беше даден петдневна терапија со Паксловид, лек за третман на коронавирус.

Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во писмо до јавноста соопшти дека 79-годишниот претседател синоќа бил негативен на тестот и уште еднаш утринава.

„Неговите симптоми постојано се подобруваат и речиси целосно надминати”, напиша О’Конор во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот