Заврши европското лето и за Академија Пандев (ВИДЕО)

facebook.com/hsk.zrinjski/

Академија Пандев на првиот дуел на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје загуби со 0:3 од босанскиот Зрињски, а со истиот резултат загуби и на вечерашната возвратна пресметка.

Тренерот Југослав Тренчовски свесен дека Зрињски во овој момент е многу поискусен, од првата минута им даде шанса и на помладите да стекнат меѓународно искуство. Меѓу нив беше и 17-годишниот голман Алчевски, но поради повреда мораше да биде заменет во 65 минута од Денковски.

Првото полувреме во Мостар помина во една рамноправна битка, „пандевци“ покажаа многу подобри перформанси во однос на првиот меч.

Убава шанса за водство имаа во 25 минута, најпрвин убаво Илиев се ослободи од својот противнички играч, се најде непосредно пред домашниот голман, но не успеа да ја затресе неговата мрежа.

Домаќините своите погодоци ги реализираа во текот на второто полувреме, во 50 минута Мандиќ го отвори резултатот, асистентот на тој погодок Говедарица исто така се запиша во листата на стрелците во 79 минута, а непосредно пред финишот стрелаше и Гојковиќ (90+2).

Елиминација во првото квалификациско коло на ЛЕ доживеа и тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот