Ѓорчепетровци елиминирани од Алашкерт! (ВИДЕО)

Фото: facebook.com/FCAlashkert/

На првиот дуел во Ерменија, Алашкерт славеше со 3:1 пред своите навивачи, и тој гостински гол им даваше евентуални надежи на „лавовите“ од Ѓорче Петров дека можат да направат изненадување, евентуален пресврт на овој двомеч.

Но, тоа не се случи, на денешниот возвратен дуел на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје противникот овојпат славеше уште поубедливо со конечен резултат 0:3.

После првото полувреме водеа играчите на Кашманјан со 0:1, стрелец на водечкиот гол беше српскиот интернационалец Ненадовиќ во 21 минута.

Вториот гол се случи во 68 минута кога зголеми Бразилецот Галвао, а конечниот епилог го постави Восканјан во 74 минута од средбата.

Ѓорчепетровци предводени од Таневски после скоро една деценија се вратија на меѓународната сцена, ова европско лето го завршуваат уште во првото квалификациско коло на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот