Започна снимањето на втората сезона од серијата „Emily in Paris“

Фото: Профимедиа

Службено започна снимањето на втората сезона од популарната серија на Нетфликс „Emily in Paris“, а социјалните мрежи веќе се преплавени со фотографии од главната актерка, актерката Лили Колинс на сетот од новите епизоди.

Емили се враќа во Париз и Сен Тропе, како и на други локации ширум Франција откако од Нетфликс открија дека првата сезона била најпопуларна хумористична серија на овој стриминг сервис во 2020 година.

Имено, според податоците на Нетфликс, од почетокот на емитувањето на серијата на 2 октомври 2020 во првите 28 дена „Emily in Paris“ ја гледале дури 58 милиони домаќинства.

На Инстаграм и Твитер корисниците и обожавателите веќе ги споделуваат фотографиите од Лили Колинс во иновативните модни комбинации кои ја одбележаа првата сезона.

Покрај Колинс во новата сезона ќе глумат и Ешли Парк, Филипин Лерој Беули, Лукас Браво, Семуел Арнолд, Камил Разат и Бруно Гоури.

Првата сезона од серијата „Emily in Paris“ беше номинирана за два Златни глобуси, во категоријата најдобра тв серија – мјузикл или комедија, а Колинс беше номинирана во категоријата главна актерка во тв серија – мјузикл или комедија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот