Запирањето на спортот ќе го чини САД неверојатни 12 милијарди долари

САД која е најзагрозена земја во светот од коронавирусот со преку 1.1 милион заболени лица ќе плати голема цена доколку не се продолжи со спортските активности.

Според студијата која ја објави ЕСПН, прекинот на сите спортски активности во САД поради коронавирусот, значително ќе влијае на прометот во овој сектор, кој ќе опадне за најмалку 12 милијарди долари.

Според Патрик Риш, директорот за спортски работи на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, главните професионални и универзитетски спортски натпреварувања, како и младинските, ќе загубат 5.5 милијарди, 3.9 милијарди и 2.4 милијарди долари.

Овие суми се засноваат на претпоставката дека бејзбол МЛБ лига и фудбалската МЛС лига ќе ја започнат новата сезона, како и дека НБА и НХЛ лигите во плејофот ќе играат без гледачи.

Според извештајот на ЕСПН, загубите од 12 милијарди долари можат да се удвојат доколку наесен не започне новата сезона во НФЛ и во универзитетските спортови.

НФЛ е најпопуларен спорт во САД кој годишно генерира 12.55 милијарди долари во спорскиот и економскиот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот