Со закон ќе се регулира враќањето на километража кај половните автомобили
Скоро секој втор автомобил продаден преку границитена Европската унија има фалсификувана километража, беше кажано за време на дебатата во Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на ЕП. Билјана Борзан, европратеничка од Хрватска, го поздрави предлог-законот со кој ќе се воведе систем за следење на километражата на половни автомобили на ниво на Европската унија.
Препорачано
– Со години предупредувам за измами со километража. Истражувањата покажаа дека километражата на речиси половина од половните автомобили продадени преку границите е манипулирана. Според некои проценки, штетата за поединечен купувач може да изнесува до 10.000 евра, додека вкупната штета за граѓаните на ЕУ достигнува околу девет милијарди евра годишно. Ова е особено голем проблем во земјите од Источна ЕУ, каде што најчесто се пријавуваат вакви измами. Во 2025 година, во Хрватска е увезен речиси рекорден број автомобили: повеќе од 80.000 – рече Борзан.
Таа нагласи дека решението за овој проблем е познато со години. Белгија, Холандија и Луксембург имаат успешен пример за добра пракса преку системот „Кар-пас“. Секој пат кога автомобил оди на сервис, километражата се внесува во системот, а оваа потврда е задолжителна при продажба на половен автомобил. Благодарение на ова, измамата со километража во овие земји практично исчезна.
– Половни автомобили во ценовен опсег од 10.000 до 25.000 евра најчесто сеизвезуваат, а километражата е најважниот фактор за купувачите при донесување одлука. Купувањето автомобил е голем финансиски трошок за просечното семејство, поради што сакам законот да стапи на сила што е можно поскоро – рече Борзан.
Таа нагласи дека измамата со километража не само што ја поткопува довербата на пазарот на половни автомобили, туку има и директно негативно влијание врз безбедноста во сообраќајот- пишува Политика.
Измамата со километражата не е ретка, особено со увезените автомобили. Ризикот од вакви купувања е реалност на пазарот, а проблемот би можел да се намали со воведување подобра контрола, дигитални бази на податоци за километражата и потранспарентни податоци – слични на решенијата што моментално се разгледуваат во ЕУ.


