Зафировски: Светски економии изработуваат проекции за враќање на економијата во нормала, постојат три можни сценарија

Сергеј Зафировски, сопственик и CEO на Инсајдер ИД во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за ефектите од коронавирусот и како ситуацијата да се искористи во позитивна конотација.

-Веќе е јасно дека бизнисот, односно не само бизнисот туку и секој сегмент од општественото живеење нема да биде исто по завршување на кризата. Потребна е подготовка за новата “нормала” бидејќи само така може негативната ситуација да се искористи позитивно и во полза на домашната економија.

Соодветно канализирани и управувани моменталните трендови има можност да донесат позитивен исход на среден и долг рок. Сепак, на краткорочно финансиските импликации на кризата врз бизнисите ќе биде деструктивна и ќе предизвика затворање на дел од компаниите, а уште понегативно ќе влијае на дел од секторите кои немаат соодветна стратегија, а и реално ниту алтернатива во поставувањето кон кризата како туризмот и угостителство за кои кризата ќе има траење и на среден рок (во следните 2 години). Мора да се има во предвид дека и решавањето на ситуацијата со вирусот во една држава, не ја решава економската криза, бидејќи за целосна нормализација на процесите е потребно сите држави во соседството и каде постои сериозна стоковна размена исто така кризата да има поминато, рече Зафировски.

Постојат три можни сценарија за справување со кризата.

Светски економии изработуваат проекции и анализи какво ќе биде враќањето на економијата во нормала, и генерално постојат три можни сценарија, од кои што најоптимистичката (прва појаснета) во Април 2020 за дел од државите е се помалку возможна. Најоптимистички е враќањето да го има обликот на “V”, кое што се карактеризира со нагло паѓање на економската активност, брзо враќање кон нормала без поголеми последици врз компаниите и економијата со губиток на финансии и негативни стапки за раст само за определен период, но генерално позитивен раст на БДП за годината.

Второто сценарио е во вид на буквата “L” која се карактеризира со криза и намалување на економската активност на подолг временски период, зголемување на невработеноста и најчесто влегување во период на рецесија, кое што всушност е моменталната состојба во Македонија. Целата економија забавува и голема е веројатноста за негативен економски раст за тековната година.  Доколку кризниот период е подолг може да предизвика влегување во депресија (деструктивни последици врз државата и економијата со високи стапки на невработеност и недостаток на производи и услуги) можност која што се уште не е возможна.

Третото сценарио, кое е негативен екстрем е падот на економијата да има облик на буквата “I” односно целосен колапс кое што е анализирано од економистите за ситуацијата во Италија, каде најмоќната провинција Ломбардија ја намали економската активност приближно на 0 кое што доколку е со траење повеќе од 6 месеци, дури и со финансиска помош од државата и ЕУ ќе се потребни повеќе години за стабилизација и враќање во нормала, вели Зафировски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот