Заев: ВМРО-ДПМНЕ злоупотреби државни институции за партиски интереси

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Тој додава дека полицијата држела млади волонтери во полициска станица, им се заканувала, само затоа што, како што вели, некој добил партиска задача и му смета солидарноста.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев како скандал ја оквалификува акцијата на полицијата за стопирање на хуманитарната помош, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за партиска злоупотреба на државни институции и побара надлежните да спроведат истрага и да дадат одговори за настанот.

-Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани. Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците. ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација, напиша Заев на ФБ.

Тој додава дека полицијата држела млади волонтери во полициска станица, им се заканувала, само затоа што, како што вели, некој добил партиска задача и му смета солидарноста.

-Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност. Македонската и струмичката солидарност е голема и ништо нема да ја спречи, најмалку неспособната, режимска ВМРО-ДПМНЕ, нашиша Заев на ФБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот