Заев: Недела неработен ден од 1 октомври

Тоа е ветување што владата го стави како приоритет во својата програма и откако ги завршиме сите консултации во еден исклучиелно инклузивен процес го утврдивме усогласеното законско решение. Примената на оваа одлука ја проектираме да започне на 1. октомври – рече премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев на прес конференција информираше дека Владата го утврди текстот на измените и надополнувањата на Законите за работни односи и Законот за трговски друштва со кои недела се прогласува за ден за неделен одмор и овие законски измени ќе бидат ипратени на усвојување во Собранието.

– Тоа е ветување што владата го стави како приоритет во својата програма и откако ги завршиме сите консултации во еден исклучиелно инклузивен процес го утврдивме усогласеното законско решение. Примената на оваа одлука ја проектираме да започне на 1. октомври – рече премиерот Заев.

Тој додаде дека неделата ќе биде ден за неделен одмор, а работниците кои сепак би морале да работат во недела ќе добијат повисока плата за тој ден или пак слободен друг ден.

– Вработените во секторите кај кои не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес, ќе добиваат дневница, повисока за најмалку 50% од редовната и слободен ден во наредните седум дена – појасни премиерот.

Освен здравјето на луѓето, рече Премиерот, пандемијата загрози илјадници работни места.

– На прво место се работниците, обезбедивме поддршка да се зачуваат илјадници работни места. Работнте места на прво место беше главната цел, и задоволен сум што за оваа цел немавме противници. Имаме најнисок праг на невработеност – 16 проценти. Докажавме дека работниците се движечката сила на економијата и покрај ударот од пандемијата платите ќе продолжат да растат – рече Заев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека денот недела ќе биде неработен ден за сите работници, освен за одредени исклучоци за кои ќе биде дозволено работењето во недела и на празници.

– Во недела ќе можат да работат продавници за продажба на сладолед, колачи, апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност. Продавниците на бензиските станици, продавниците во трговските центри ќе можат да работат само една смена, а истото важи за продавниците за трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, како и во зелените пазари. Со овој закон е предвидено додатокот на плата за работа во недела ќе изнесува 100 проценти за секој час поминат на работа во недела и за празници. Исто така, за трговските субјекти кои ќе работат во недела се утврдува надоместок од 2 отсто од вкупниот приход остварен минатата година во недела и на празници, а тие средства ќе се инвестираат во детски градинки – рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот