Заев не ги препозна „бомбите” на Ел Чека

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Одбраната на обвинетите на денешното судење за предметот „Таргет и Тврдина“ рекоа дека нема да постават вкрстени прашања. Единствено обвинетата Гордана Јанкулоска имаше прашање до Заев, дали за одреден период се случувало да не добијат материјали, Заев рече дека тие објавиле целина од почеток до крај на криминал или неетичко однесување, а не објавиле индиции за одреден случај, бидејќи не ги поседувале сите комуникации за одреден случај.

– Не објавивме за затворањето на А1 телевизија оти имаше празнина во денови кои ние ги немавме. На пример имаше денови кога не добивавме материјал од комуникацијата, па лично заклучив дека не можело 100 отсто да се земат сите снимки и да му се дадат на СДСМ. Затоа и рековме дека ние имаме само дел од тие материјали – рече Заев.

Судијата Владимир Туфегџиќ го праша Заев дал препознсва некој разговори кои се објавуваат во јавноста, на што Заев рече: Не можам да потврдам оти не разбирам албански јазик.

-Тоа што го имаме објавено го знам, а тоа што денес се објавува прв пат го разбирам кога се преведени од медиумите. Од денешно време не ги препознавам разговорите – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот