За убаво попладне: Пенеста торта со кафе (РЕЦЕПТ)

торта

Состојки:

За пандишпан:

5 јајца
200 гр шеќер
250 гр брашно
200 мл масло за јадење
300 мл варено македонско кафе
100 гр какао
1 прашок за печиво

За фил:

500 мл млеко
5 лажици густин
5 лажица какао
100 гр чоколадо за готвење
100 гр шеќер

Подготовка:

Во подлабок сад ги кршиме јајцата, го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не добиеме убава и пенеста смеса. Откако ќе се измати убаво, за да се растопи шеќерот ги додаваме маслото, брашното, вареното кафе, какаото, прашокот за печиво и мешаме со жица за матење.

Во тава за печење се истура пандишпанот и се пече 20 минути на 150 степени.
Откако тестото ќе се испече, го делиме на два еднакви делови.
Подготовката на филот започнува со тоа што во тенџере на оган се ставаат млекото, густинот, какаото, чоколадото и шеќерот. Додека се вари оваа мешавина, потребно е постојано да се меша.

Потоа се трга од оган и откако ќе остине, се филува тортата.
Декорацијата е по ваша желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот