За првпат по 120 години: На отварањето на британскиот парламент, кралицата седеше сама, а на местото на престолот на принцот Филип имаше поставено маса

кралица елизабета
Фото: Profimedia

По локалните избори минатата недела, британскиот парламент ја продолжи својата седница, а во согласност со традицијата, истиот беше инаугуриран од кралицата Елизабета Втора. A поради смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, биле направени некои промени во официјалните протоколи…

Поради сегашната пандемија на коронавирусите, бројот на присутни во Домот на лордовите бил намален на само 74 присутни, при што секој требало да донесе и покаже негативен тест за ковид-19. Но, ова не е она што најмногу ја изненади јавноста, туку еден детаљ поврзан со самата кралица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Иако е вообичаено суверенот и неговата сопруга да бидат присутни на отворањето на парламентот, за нив се поставени златни кралски престоли, полни со украси, за прв пат по 120 години има исклучок во протоколите.

Поради смртта на принцот Филип, неговиот престол бил отстранет и заменет со мала тркалезна маса, покриена со црвен празничен чаршав.

Осамената кралица седеше сама за време на официјалните говори, додека на неколку метри оддалечен од неа, седеше нејзиниот наследник, принцот Чарлс со неговата сопруга Камила.

Profimedia
Profimedia

Ова е првпат престолот на кралските брачни другари, поставен уште во далечната 1901 година за кралицата Александра, сопругата на кралот Едвард VII, да биде изоставен. Престолот се чува во салата Хаутон во Норфолк и секоја година се преместува во Домот на лордовите за почетокот на заседавањето на британскиот парламент. Оваа година престолот на принцот Филип, наместо да биде донесен во Домот на лордовите, беше оставен кај лорд Грејт Чемберлен, управител на палатата на Вестминстер.

EPA - EFE
Фотографија од минатите свечени седници на британскиот парламент / EPA-EFE

Друга интересна работа во врска со ова свечено заседавање е тоа што сите гости, вклучувајќи го и принцот Чарлс, носеле заштитни маски на лицето, но не и кралицата, која наместо во свечена облека и круна, пристигнала во нејзината типична облека, а од Бакингемската палата до палатата Вестминстер беше пренесена со автомобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот