За македонските одбојкари сè уште постои теорија за медал на Балканијадата

Фото: facebook.com/volleyballmkd

Поразот од Црна Гора е тежок удар, но за македонските младинци сè уште постои теорија за медал..

Македонските младински одбојкарски репрезентативци не успеаја да слават против Црна Гора и со тоа да обезбедат медал на Балканијадата во Приштина пред денешните натпревари од последното петто коло.

Избраниците на селекторот Ванче Санев играа променливо против Црногорците и без оглед што убедливо го добија вториот сет и израмнија, потоа не го задржаа ритамот изгубија со 3:1 (18:25, 25:15, 25:27, 20:25), со што паднаа на четвртото место на табелата.

Но, шансите за медал на шампионатот за играчи до 20 години сè уште постојат, а за да се оствари целта потребна е победа над Турција со три освоени бода, значи со 3:0 или, пак, со 3:1.

Во таков случај, доколку Црна Гора ја совлада Албанија, тогаш Македонија ќе има идентичен биланс со Турците и со Црногорците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот