За кутија цигари и по 300 денари: Во Србија драстично поскапува тутунот

цигари
Цигари / Фото: Архива на Слободен печат

Во Србија континуирано расте цената на цигарите, а со последното поскапување од од 5 денари кутија од најевтините цигари чини 145 денари, додека од оние поскапите и по 300 денари.

Причина за зголемувањето на цената е зголемувањето на конкретната акциза за половина денар по кутија, па државата по овој основ од производителите наместо досегашните 78,25 ќе земе 79,75 динари.

Ова е нормата што ја предвидува новото законско решение донесено во декември минатата година, според кое оваа државна такса се зголемува за 1,5 динари двапати годишно, во јануари и јули до крајот на 2025 година.

Заедно со неа се наплаќа и пропорционална акциза од 33 отсто од цената на цигарите, која треба да остане непроменета во наредните четири години. На сето тоа се додава и ДДВ, па поради зголемените државни давачки, производителите ќе ја зголемат цената за 10 динари (5 денари), поради што најевтиното задоволство за пушачите ќе чини 290 динари, а оние што сакаат поквалитетен тутун ќе треба да платат 570 динари.

Инаку, целта на овие измени е усогласување со стандардите на ЕУ, според кои до 2025 година, наместо досегашните 70, државата треба да заработува најмалку 90 евра за 1.000 цигари или 1,8 евра по кутија.

Оваа практика, според која акцизите се зголемуваат двапати годишно поради акцизниот календар, ќе продолжи и во наредните три години, што значи дека овој државен данок ќе ја промени својата вредност уште седум пати, ако не се смета оваа, која ќе се случува сега. Така, во следните три години ќе се достигнат стандардите кои важат во Европската Унија.

Според овие стандарди, треба да се очекува дека пушачите во Србија за три години ќе платат иста цена за јутија цигари како оние во земјите на ЕУ. За балканскиот стандард на живеење споредбата, на пример со Ирска каде што една кутија цигари чини 9 евра, тоа е исклучително скапо. Но, во другите земји тутунот е поевтин, па во Австрија просечната цена по кутија е 5,1 евро, во Чешка 3,53, Унгарија 3,90, Словенија 3,69 и Италија 4,90 евра, додека во Бугарија има цигари и од само 2,5 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот