Новогодишни/Божиќни честитки - Фото: pexels-anntarazevich

За Божиќ 55 отсто од Холанѓаните испраќаат хартиени честитки, само 3 отсто испраќаат СМС пораки

Годинава 58 отсто од жителите на Холандија изјавиле дека испраќаат божиќна честитка, што е намалување во однос на лани, кога тој процент изнесувал 63, покажуваат најновите податоци од истражувањето на панелот „Харт ван Нидерланд“.

Од сите испитаници, 55 отсто испраќаат хартиена божиќна честитка, додека 3 отсто се одлучуваат за електронска честитка.

Во исто време, бројот на луѓе кои претпочитаат да испратат текстуална порака е зголемен – од 20 отсто минатата година на 23 отсто годинава.

Сепак, речиси секој петти жител на Холандија воопшто не испраќа празнични честитки. Вкупно 19 отсто изјавиле дека не испраќаат ниту божиќна честитка, ниту порака, што е пораст во однос на 17 отсто лани.

Истражувањето покажува и дека 24 отсто од граѓаните во Холандија се чувствуваат осамено во овој период од годината. Од нив, 10 отсто велат дека за време на Божиќ се чувствуваат поосамено од вообичаено, додека 14 отсто наведуваат дека се чувствуваат исто толку осамено како и секогаш.

Холандската поштенска служба „Пост Ен Ел“ соопшти дека годинава и следната година цената на поштенската марка ќе се зголеми на 1,40 евра, од досегашните 1,31 евро. Цената веќе беше зголемена за 10 отсто во јули.

Од „Пост Ен Ел“ наведуваат дека зголемувањето е неопходно поради намалениот број испратени писма и растечките трошоци за работење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот