Windows 7 дефинитивно заминува во историјата

Корисниците на персонални компјутери кои работат со „Windows 7“ треба да инсталираат понов систем за да избегнат евентуално хакирање бидејќи системот за поддршка на тој софтвер е прекинат.

Оперативниот систем „Windows 7“ повеќе нема да добива критични додатоци и ажурирања од 14 јануари (денеска), па така компјутерите ќе бидат поранливи од страна на хакерите.

Корисниците на персонални компјутери кои работат со „Windows 7“ треба да инсталираат понов систем за да избегнат евентуално хакирање бидејќи системот за поддршка на тој софтвер е прекинат.

Од денес, 14 јануари, „Windows 7“ веќе нема да добива дополнувања и ажурирања, што значи дека американскиот софтверски гигант „Microsoft“ нема да поправа никакви дефекти кои што се случуваат, што ќе ги направи компјутерите ранливи на хакери.

Според податоците на „NetMarketShare“ од крајот на минатата година, „Windows 7“ сè уште е еден од најпопуларните оперативни системи на „Microsoft“. На прво место е сегашниот „Windows 10“.

Безбедносните агенции ги предупредуваат корисниците дека доколку сè уште имаат стар систем дома, тие да не внесуваат чувствителни податоци, како пристап до банкарски сметки, е-пошта и други услуги.

Компјутерите со „Windows 7“ сè уште ќе бидат функционални, но не и безбедни.

Бизнисите што не се подготвени за транзиција, можат да го платат „Microsoft“ за проширена заштита до јануари 2023 година, иако услугата ќе биде од случај до случај и ќе се зголеми на крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот