Вујовиќ: Вардар доаѓа до ситуација да заврши како Кометал ЃП!

фото:твитер

Според екс тренерот на „црвено-црните“, човекот кој може да го крене клубот и ги сврти работите е Михајло Михајловски.

Долгогодишниот финансиер на скопски Вардар, првиот човек на СЕХА Газпром лигата, Михајло Михајловски, ги засука ракававите кога станува збор за формирање состав за наредната сезона.

Во потрага по играчи кои ќе ги пополнат празнините и ќе ги остават македонските шампиони на одредено ниво, доволно и натаму да настапува во Лигата на шампионите која ќе има нов формат од следната сезона, но и финансирање на многу попривлечни клубови, Михајловски ќе се обиде да го задржи најдоброто од сегашниот кадар.

Секако, предуслов за сето тоа се долговите, кои се огромни, не само кон играчите кои останаа, туку и кон оние што заминаа, што треба да ги плати сегашниот финансиер на клубот, Сергеј Самсоненко.

Периодот на стабилизација е пред Вардар. На кое ниво, ќе знаеме во моментот кога ќе видиме дали Дибиров, Чупиќ, Стоилов, Ристовски ќе останат во составот на Стевче Алушовски…

Поранешниот тренер на Вардар во интервјуто за „Балкан-Хандбал“, Веселин Вујовиќ има свое размислување околу ситуацијата со РК Вардар.

Вардар стана европски тим, освои две титули во ЛШ ии сега доаѓа до ситуација во која може да помине клубот како Кометал Ѓорче Петров (да згасне), тоа е трагедијата на македонскиот ракомет. Човек кој може да го крене клубот и ги сврти работите е Михајло Михајловски. Колку е тој способен во овие години и колку има волја тоа да го прави.. Се случи и добро и лошо во ист момент. Дојде Сергеј Самсоненко кој вложи пари, покажа некои европски трендови и сега каде исчезна тоа…

Добро е тоа што ја направи салата, хотелот, тоа ќе остане, но од друга страна лошо е тоа што се покажа колку високо ракометот може да биде, и колку ниско може да падне, и тоа во многу краток период. Освојуваш титула, следната година се распаѓаш, си заминуваат играчи, но и во тие услови тие и натаму се борат, но тоа нема долго да трае. Веќе никој сериозен нема да дојде во Вардар од европските играчи, од македонските не можат да бидат. Повторно ќе дојде период кога ќе има играчи од Србија, Словенија, БиХ, некој странец, од африканскиот дел. Мислам дека има навивачка групација која има национален набој, тие се „Комити“. Доколку започне таа политика да им се даде шанса на помладите играчи, Македонците, и тој проект трае еден одреден период, дека ќе биде полна салата, ќе имаат поддршка и стратегија која Вардар би можела да ја практикува – се зборовите на Вујовиќ.

Претходно Вујо реагираше и по шокот кој го приреди ЕХФ: Очекував глупава одлука!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот