Вујо реагира на шокот кој го приреди ЕХФ: Очекував глупава одлука

twitter.com/ehf_ec

ЕХФ денеска донесе неверојатни одлуки поради пандемијата на коронавирусот, ја исфрли Македонија од Светското првенство со тоа што ги укина баражите, а со одлуката да нема осминафинална и четвртфинална фаза во Лигата на шампионите, му ја скрати можноста и на Вардар да ја брани титулата.

Овие одлуки предизвикаа жестока реакција од поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, кој сега е тренер на Загреб кој ино исто така е голем критичар на ЕХФ.

Популарниот „Вујо мајсторе“ е револтиран бидејќи многу екипи останаа без можноста да се надеваат на пласман на завршниот фајналфор турнир во Келн.

Историјата покажува дека речиси никогаш досега четирите најдобро пласирани екипи од групите не обезбедиле место на фајналфор турнирите. Секогаш имало изненадувања, некои екипи имаа проблеми со повреди или слаба подготвеност и дозволуваа изненадувања, нешто што се случи со ПСЖ минатата година. За мене оваа одлука е апсурдна бидејќи до Фајналфор турнирот многу играчи ќе играат во други клубови, Сагосен во групната фаза играше за ПСЖ, а во Келн ќе игра за Кил, тоа нема никаква врска со здравиот разум. Иако, јас веќе изјавив дека очекувам глупава одлука од ЕХФ, одлуката е донесена со декрет, никој нема право да се жали, а репрезентациите кои ги подготвуваа составите за СП сега нема да можат да се изборат за пласман. Но, од ЕХФ секогаш може да се очекува неочекуваното – изјави Вујовиќ за хрватски „Индекс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот