Вучиќ: Немам морков, се помирив со стапот

Александар Вучиќ, претседател на Србија/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека француско-германскиот предлог за решение на косовскиот проблем содржи важна точка во однос на евроинтеграциите на Србија, но дека не дава гаранции дека тоа ќе биде остварено, објави РТС.

Во Собранието на Србија, Вучиќ, одговарајќи на прашањето на шефот на пратеничката група Морамо – Заедно, Небојша Зеленовиќ, дали навистина преговара за реален и временски ограничен рок за членство на Србија во Европската унија, рече дека побарал од Европските пратеници прецизен одговор за тоа, но не добил.

„Немам морков, се помирив со стап. Немаме сили во овој момент да одиме против цел свет“, изјави Вучиќ.

Зеленовиќ претходно посочи дека е неопходно да се конституира Заедницата на српските општини на Косово и дека треба да се утврдат јасни правила, а едно од нив е дека Косово не може да се обедини со Албанија.

Тој нагласи дека договорот треба недвосмислено да гарантира демилитаризација на Косово без војска и праша дали за тоа се разговарало во преговарачкиот процес.

Претседателот на Србија им порача на Зеленовиќ и на другите од опозицијата дека можат да дојдат на консултации кога сакаат.

Вучиќ предупреди дека Србија во наредниот период ќе се соочи со голем проблем, бидејќи во Европа ќе има се помалку храна.

„Сè уште ќе има проблеми и со енергијата и со храната“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во српскиот парламент рече дека постои опасност Косово да биде примено во НАТО.

Попладнево целосен хаос се случи во српското собрание, каде српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати пред пратениците, објавувајќи ги деталите од европскиот предлог за Косово.

Претставници на српската опозиција, предизвикаа инцидент и го прекинаа излагањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за европскиот предлог за решение за односите со Косово.

По инцидентот поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ соопшти дека не ја исклучува можноста „скандалот“ во републичкиот парламент да го договориле претседателот Александар Вучиќ и дел од опозицијата, пренесе Бета.

ВИДЕО | Вучиќ: Европскиот план предвидува да не се противиме на членство на Косово во меѓународните организации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот