Вучиќ: Постои идеја Косово да биде примено во НАТО

Вучиќ/ Фото: Milos Miskov / AFP / Profimedia

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во српскиот парламент како што објавија српските медиуми рече дека постои опасност Косово да биде примено во НАТО.

„Сите се обидуваат да ја натераат Србија да го признае Косово. Очекуваме некому да му падне на памет да го внесе Косово во НАТО и со тоа да натера четири од петте земји на ЕУ да ја признаат независноста и со тоа да не принудат и нас да ја прифатиме“, рече претседателот Вучиќ, нагласувајќи дека Србија тоа никогаш нема да го прифати, дури и ако се оствари.

Зборувајќи за односите со Москва, претседателот Александар Вучиќ потсети дека Србија не воведе санкции кон Русија, дека го почитува претседателот Путин, но за него има само една земја на која и служи, а тоа е Србија.

Попладнево целосен хаос се случи во српското собрание, каде српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати пред пратениците, објавувајќи ги деталите од европскиот предлог за Косово.

Претставници на српската опозиција, предизвикаа инцидент и го прекинаа излагањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за европскиот предлог за решение за односите со Косово.

Говорот на Вучиќ беше прекинуван со извици „Предавство“ и „Косово е Србија“, по што тој ја обвини опозицијата дека таа веќе го дала Косово.

Во Собранието на Србија работата беше накратко прекината, бидејќи по вербалниот конфликт меѓу опозицијата и претседателот Вучиќ дојде и до физичка пресметка.

По инцидентот поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ соопшти дека не ја исклучува можноста „скандалот“ во републичкиот парламент да го договориле претседателот Александар Вучиќ и дел од опозицијата, пренесе Бета.

ВИДЕО | Вучиќ: Европскиот план предвидува да не се противиме на членство на Косово во меѓународните организации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот